Милан покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Сент Етјен, Весли Фофана, пренесуваат француските медиуми.
19-годишниот Фофана одигра одлична сезона и покажа дека станува збор за еден од најголемите француски таленти, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со агентите на младиот дефанзивец.
Францускиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра, а „росонерите“ се спремни да понудат 25 милиони плус бонуси.
Во следните денови Милан ќе испрати официјална понуда бидејќи Фофана е трансфер цел број еден откако пропадна трансферот на Миленковиќ од Фиорентина.