Дома Трансфер зона Милан испрати понуда за француски дефанзивец

Милан испрати понуда за француски дефанзивец

Милан покажува сериозен интерес за младиот дефанзивец на Сент Етјен, Весли Фофана, пренесуваат француските медиуми.

19-годишниот Фофана одигра одлична сезона и покажа дека станува збор за еден од најголемите француски таленти, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе испратил првична понуда до Сент Етјен од 14 милиони евра.

Францускиот клуб за неговата слобода бара 20 милиони евра, но се претпоставува дека со преговори двата клуба ќе ја „испеглаат“ разликата.

Фофана е трансфер цел на неколку клубови од Премиер лигата, пред се на Арсенал, но „росонерите“ се во пол-позиција во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…