Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, а најголема желба е Никола Миленковиќ.
Милан веќе започнал преговори со агентот Фали Рамадани за трансфер на дефанзивецот Никола Миленковиќ од Фиорентина.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Миленковиќ изминатите години се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и за него постио интерес од многу клубови.
Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.
Милан веќе испратил понуда за трампа и е спремен во Фиренца да го испрати Лукас Пакета, за кого Фиорентина покажува силен интерес.
22-годишниот дефнзивец одби да го продолжи договорот со „виолетовите“ и инсистира да се пресели на „Сан Сиро“.