Дома Фудбал Италија Милан десеткуван против Манчестер Јунајтед

Милан десеткуван против Манчестер Јунајтед

Милан утре му гостува на Манчестер Јунајтед во рамките на осминафиналето од Лига Европа.

Тренерот Пиоли ќе има сериозни кадровски проблеми, бидејќи „росонерите“ без неколку првотимци ќе патуваат во Манчестер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од поодамна беше познато дека мечот на „Олд Трафорд“ ќе го пропуштат Ибрахимовиќ, Манџукиќ, Чалханоглу и Бенасер, но листата на повредени се зголеми.

Имено, Тео Хернандес и Анте Ребиќ неколку дена не тренираа со тимот и нема да патуваат на гостувањето во Манчестер.

Пиоли ќе има сериозни проблеми да го состави тимот без шест многу важни играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мареска за новиот херој на Челси: Токму затоа играше од почетокот!

Челси го обезбеди своето место во финалето на Светското клупско првенство благодарение на …