Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан покажува сериозен интерес за талентот на Барселона, Рики Пуиг.
Пуиг важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но не добива доволно минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барселона неодамна го продолжи договорот со Рики Пуиг на уште две години, но не затоа што сака да го задржи туку само за подобро да го продаде.
Имено, договорот на Пуиг истекуваше на крајот од сезоната и во таков случај клубот од неговото заминување во јануари ќе заработеше симболична сума. Затоа Барса со активирањето на клазулата автоматски му го продолжи договорот на Пуиг на уште две години.
На Барселона и се потребни финансиски средства и е спремна да го продаде на лето за 15 милиони евра, а Милан е спремен да ја искористи таквата ситуација.