Милан е во потрага по крилен напаѓач, а во моментов прво име на листата е шпанскиот интернационалец, Жерард Деулофеу.
„Росонерите“ се откажаа од Караско поради високите барања на играчот и кинескиот клуб, па сега Белгиецот е многу поблиску до трансфер во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Милан се насочи кон Деулофеу и започна преговори со Ватфорд, кој за неговата слобода бара 25 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“.
Денес е клучен ден во преговорите на двата клуба, ќе се обидат да најдат заеднички јазик, бидејќи Деулофеи изрази желба да се врати на „Сан Сиро“.
Меѓутоа, Милан сака играчот да го добие на 6-месечна позајмица со право на откуп за 20 милиони евра следното лето.
Останува да видиме дали англискиот клуб ќе ја прифати ваквата понуда на миланскиот гигант.
Today will be key to seeing if Deulofeu's transfer to Milan is possible. The player is willing to return, but it's dependent on Watford finding a replacement. Carrasco and Groenveld remain on Milan's list for the left wing. [@AlfredoPedulla] pic.twitter.com/CvjYu7eyUA
— Milan Eye (@MilanEye) January 28, 2019