Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро ја откри цената на 20-годишниот талент Микел Дамсгард, кој блеска со Данска на ЕУРО.
„Денес неговата цена е 30 милиони евра, но ако постигне уште некој гол на ЕУРО цената ќе порасне на 40 милиони“, изјави Фереро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сампдорија го донесе Дамсгард од Нортселанд пред една година за 6,5 милиони евра. Во првата сезона во Серија А тој запиша 37 меча на кои постигна 2 гола и 4 асистенции.
Дамсгард веќе го привлече вниманието на европските гиганти и за него силно се заинтересирани Милан, Барселона и Тотенхем.
🗣️Sampdoria president Massimo Ferrero: ''Did you see the Damsgaard goal? I want to give you a fair price, and today it's at least €30m. But if he scores again the price will rise to €40m'' pic.twitter.com/kqiWcKPdu9
— Football Talk (@Football_TaIk) June 23, 2021