На почетокот, да разјасниме една работа, Бундеслигата не е расипничка лига кога во прашање се трансферите, a кога станува збор за неделните плати, уште помалку.
Самиот податок дека најскапиот играч на Германија и Баерн заедно е Корентен Толисо, кој за 41,5 милиони премина од Лион. Тоа доволно зборува, бидејќи живееме во време кога трансферите се од 100 па повеќе милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога платата е во прашање, нема исто така голем јаз. Бројките се движат од 100 до 160 илјади евра неделно, а најплатен е секако Роберт Левандовски кој добива 160, Ноер 150, а Хумелс 150 илјади неделно.
Останатите играчи се до таа бројка, освен оние млади кои морат да докажат со игрите дека заработале нешто повеќе пари, односно зголемување на платата. Сепак, во секој колектив постојат исклучоци, а во оваа постава на Баерн, тоа е нивниот втор или трет голман (зависност од потребите), Том Штранке.
Неговата неделна плата изнесува мизерни 10,000 евра неделно, додека неговиот колега од клупата, исто така голман, Свен Улрих има 55,000 евра. Секако, првиот голман на тимот е Ноер, вториот најплатен играч на екипата со 150,000 евра неделно.
Не можеме да не се пошегуваме и да прашаме, дали Штранке има доволно пари за да ги плати сметките, со оглед на тоа што освен споменатиот Улрих, Ренато Санчез е „најмалку платен“.
Минатогодишното засилување на Баерн од Португалија има само 19 години и добива 60,000 евра неделно.