
По четврти пат во својата кариера, бекот на Мега, Стефан Синовец повторно ќе ја задолжи опремата на актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје.
По настапот за Мега во АБА лигата, Стефан Синовец потпиша договор до крајот на сезоната со „Штрковите“, каде веќе настапуваше три пати во изминатите неколку години.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Стефан Синовец пристигна во редовите на Мега пред почетокот на сезоната и во АБА лигата за 22,2 минути во игра во просек бележеше 9,4 поени, 3,1 скок и 2,6 асистенции.
Најдобрата партија ја понуди токму во последниот меч и победата против Игокеа со 99:87 каде беше близу трипл-дабл учинок со 11 поени, осум скока и 12 асистенции.