Победата на МЗТ Скопје над Партизан на стартот од АБА-лигата го одбележа колото, па двајца играчи на македонскиот клуб се меѓу надобрите на колото.
Дамјан Стојановски за малку не е МВП на колото, Бојан Трајковски имаше најмногу скокови, а Ерик Гарсија е втор најдобар асистент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стојановски заедно со Матијас Лесорт од Црвена Звезда имаат втор највисок индекс рејтинг од 30 поени, пред нив е само Лука Жориќ од Цибона со 34.
Бојан Трајковски на натпреварот со Партизан покрај 20 поени имаше и 14 скокови, најмногу во првото коло, додека новиот плејмејкер на МЗТ, Ерик Гарсија, на дуелот со Партизан подели девет асистенции. Една повеќе од Гарсија имаше новиот играч на Партизан, Најџел Вилијам-Гос.