Дома Фудбал Франција Меси става потпис на договор тежок 80 милиони

Меси става потпис на договор тежок 80 милиони

Лионел Меси има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а сега „светците“ му спремија нов договор кој тешко ќе може да го одбие.

35-годишниот Меси до сега заработуваше 30 милиони евра по сезона во Париз, а со новиот договор ќе добие повисока плата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се очекува Меси да стави потпис на договор до 2025 година тежок 80 милиони евра, односно 40 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Останува прашањето дали Меси ќе ја заврши кариерата на Паркот на принцовите во Париз, бидејќи кога ќе го заврши договорот ќе има 38 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…