Лионел Меси е подготвен да ја прифати богатата понуда од Саудиска Арабија за да ја заврши кариерата во Ал-Хилал, но има еден важен услов.
Имено, Ал Хилал му нуди на Меси 400 милиони евра годишно, но тој бара клубот да му ги донесе неговите поранешни соиграчи Жорди Алба и Серхио Бускетс, тврди каталонскиот „Спорт“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бускетс исто така поставил услов дека ќе го продолжи договорот со Барселона, само доколку се врати Меси, а и самиот тој има понуда од Ал Хилал.
Бускетс и Алба се „свесни“ за планот на Лео Меси и веднаш би се преселиле во Саудиска Арабија заедно со него.
Според каталонски „Спорт“, Меси е многу поблиску до преселба во Саудиска Арабија отколку до враќање во Каталонија.
🔴 | #OpiniónSPORT
— Diario SPORT (@sport) May 7, 2023
📌 Messi negocia jugar en Arabia junto con Busquets y Alba
👀 "No hay nada escrito…todavía"
✍️ J. M.ª Casanovashttps://t.co/MHk8aW2NyQ