Дома Топ вести Меси се огласи: Останувам затоа што не сакам да одам на суд, Бартомеу е катастрофа!

Меси се огласи: Останувам затоа што не сакам да одам на суд, Бартомеу е катастрофа!

Сагата околу иднината на Лео Меси конелчно заврши, Аргентинецот потврди дека останува во Барселона.

Десет дена откако официјално побара да ја напушти Барселона, Меси во интевју ги соопшти мотивити поради кои реши да остане.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Мислев и бев сигурен дека можам да си заминам слободно. Претседателот секогаш кажуваше дека на крајот на сезоната ќе можам да решам дали ќе останам или ќе си одам. Тие сега се повикаа на фактот дека не сум го кажал тоа до 10 јуни, но на 10 јуни ние сѐ уште го игравме првенството, бидејќи коронавирусот ја измени целата сезона. Тоа е причината што и натаму останувам во клубот. Невозможно е некој да плати отштета од 700 милиони евра“, изјави Меси.

„Раководството на чело со Бартомеу е катастрофа. Клубот нема никаков проект, само потполнуваат дупки. Му кажав на претседателот дека сакам да си одам и тоа му го зборувам веќе 12 месеци, но на крајот одлучив да останам затоа што не сакав работата да заврши на суд. Претседателот секогаш зборуваше дека можам да одам на крајот на секоја сезона. Сега се вадат на фактот дека тоа не им го реков пред 10 јуни. Кога им реков дека одлучив да си одам тоа беше вистинска драма. Целата фамилија почна да плаче. Мојот став кон клубот нема да се промени, без оглед на тоа колку сакав да си заминам“ додаде Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…