Дома Фудбал Меси после 4 години се појави на прес: Поразот од Ливерпул уште ме боли, Валверде треба да остане!

Меси после 4 години се појави на прес: Поразот од Ливерпул уште ме боли, Валверде треба да остане!

После четири години Лионел Меси и официјално се појави на пресконференцијата пред финалето на Купот на кралот со Валенсија.

Капитенот на Барса јавно му пружи поддршка на тренерот Ернесто Валверде и се осврна на болниот пораз од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Резултатот од мечот со Ливерпул беше многу тежок, се уште ме боли тој пораз. Меѓутоа, ние сме сами виновни за тоа, а не тренерот. Верувам дека сите во главите веќе се видовме во финалето и цврсто верувавме дека не може да ни се случи истото како во Рим. Мислам дека првото полувреме во Ливерпул не беше лошо, но во второто полувреме престанавме да се бориме и тоа скапо не чинеше“, истакна Меси, кој потоа застана во одбрана на Валверде.

„Моето мислење е дека тој заврши импресивна работа, а за елиминацијата од Ливерпул не е тој виновен. Ние играчите сме тие кои сносат одговорност. Тоа веше несреќен натпревар за нас, втор пат по ред на таков начин отпаѓаме од Лигата на шампиони“.

„Јас би сакам Валверде да остане и следната сезона. Во две години со него загубивме само два важни натпревари. Сега имаме шанса да освоиме двојна круна“, заклучи Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос во Нови Сад: Групна тепачка на фудбалски турнир, полицијата реагирала со 15 возила

Денеска во попладневните часови, на фудбалски турнир организиран во Нови Сад дојде до груп…