Фудбалерите на Барселона вчера на гости го победија Ваљадолид со 3:0 и конечно Каталонците одиграа еден добар натпревар.
Каталонскиот клуб без поголеми проблеми успеа да дојде до трите бода во Ваљадолид, а играч на натпреварот беше Меси кој успеа да постигне гол и да запише асистенција.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
После натпреварот Меси повторно се најде во центарот на вниманието поради интервјуто кое го даде за ТВ куќата „Ла Секста“.
Интервјуто требаше да биде објавено во понеделник, но во последен момент Меси му испратил порака на уредникот и побарал терминот да се помести за наредниот понеделник.
Тој објасни дека не сака интервјуто да се поклопи со терминот на хуманитарната емисија „Ла Марато“ на ТВ3 која се одржува веќе 28 години пред Божиќ и парите ги донира за лекување на разни места.
Меси не сакал неговото интервју да биде во центарот на вниманието и и хуманитарната емисија да ја гледаат помал број луѓе, па поради тоа интервјуто ќе се емитува наредниот понеделник. Со овој мал потег Меси уште еднаш ја воодушеви шпанската јавност.