Дома Фудбал Останато Меси: Не сакам да бидам тренер, но…

Меси: Не сакам да бидам тренер, но…

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси призна дека не сака да биде тренер по завршувањето на кариерата.

Сепак, Аргентинецот не ја исклучи во целост таквата можност и за пример го зеде Зинедин Зидан, кој како тренер постигна врвни резултати.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не сакам да бидам тренер, не размислувам за таа опција. Сепак и Зидан тоа го кажа па потоа, не само што стана тренер туку трипати ја освои Лигата на шампиони“.

„Повеќе сакам да бидам во спортскиот менаџментот, да го градам тимот, да му помагам на тренерот, но се уште не сум одлучил што ќе работам кога ќе престанам да играм фудбал“, истакна Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…