Дома Фудбал Останато „Меси не е решение за проблемот на ПСЖ“

„Меси не е решение за проблемот на ПСЖ“

ПСЖ минатата недела го ангажираше Лионел Меси, кој пристигна како слободен играч од Барселона.

Поради финансиски проблеми Барселона не успеа да му понуди нов договор на Меси, а Аргентинецот реши по првпат во кариерата да го промени клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меси се приклучи на ѕвездениот тим на ПСЖ, но легендарниот Тиери Анри не е импресиониран од тимот на „светците“.

„Меси не е одговор на проблемот кој го има ПСЖ. Играв со него во одлична екипа, но луѓето забораваат дека тогаш немавме многу голови. Екипите кои не примаат многу голови не се далеку од титулата, па и од Лигата на шампиони. Кога имате вонземјанин во тимот е полесно, но ПСЖ и понатаму го има тој проблем“, истакна Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Скопје ќе се одржи ММА спектакл!

По пауза од над десет години, боречките спортови повторно добиваат своја голема сцена во М…