Андрес Иниеста во недела го игра последниот натпревар за Барселона, а во медиумите веќе неколку имиња се поврзуваат со Барселона како потенцијални наследници на „Бледиот Витез“.
Најновото име кое медиумите го поврзуваат со Барселона е – Миралем Пјаниќ! Босанецот од редовите на Јувентус според медиумите ни помалку, ни повеќе е желба на Лионел Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Калчомеракто“ кој се повикува на „Дон Балон“ тврди дека Пјаниќ е желба на првата ѕвезда на Каталонците.
Наводно, Меси е свесен за квалитетите на Пјаниќ и го сака пред играчот за врска на Тотенхем, Кристијан Ериксен и Тиаго Алкантара од Баерн.
Сепак, останува времето да покаже дали во оваа информација има некаква вистина. Треба да се спомене и дека „Дон Балон“ во Шпанија важи за медиум кој знае да пушти по некоја шпекулација.