Ернесто Валверде потврди!
Барселона утре ја очекува натпревар против Реал Сосиедад, а Лионел Меси и во овој натпревар ќе добие заслужен одмор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси го прескокна и гостувањето кај Леванте минатата недела со цел повеќе спремен да го дочека Светското првенство, а сега нема да биде во тимот и против Реал Сосиедад, натпревар кој е последен за Андрес Иниеста.
И покрај тоа што Меси нема да игра ќе ја освои историската „Златна копачка“ бидејќи никој до сега не го освоил ова признание пет пати. Меси постигна 34 погодоци, еден повеќе од
Салах и пет повеќе од Имобиле кој утре ќе го одигра последниот натпревар против Интер.
„Планот е Меси да одмори и да не биде во тимот“, изјави Валверде, а потоа продолжи да зборува за Иниеста.
„Утрешниот натпревар е прилика за славје. Два клуба ќе се простат од голем играч, а нашата цел е да ја завршиме сезоната со победа за Андрес Иниеста. Ова е важен натпревар за навивачите на Барса, поради се што Андрес направи за нас, сакаме да победиме“, изјави Валверде.