Ситуацијата со Лионел Меси станува вистински „циркус“, иако во овој момент се уште најреалната опција е тој да се пресели во ПСЖ.
Меси веќе се збогубаше со Барселона на прес-конференција на која соопшти дека бил спремен да прифати 50% понала плата во однос на претходните договор, но на крајот и тоа не било доволно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И покрај ваквото прифатено намалување од Меси, Аргентинецот добиваше критики и дел од фудбалските фанови порачуваа дека за Барса поради се што направи за него треба да игра бесплатно.
Сепак, такво нешто во Шпанија не е можно, Меси ја прифатила најнинската дозволена граница.
Имено, во Шпанија постои закон со цел да се избегнат финансиските малверзации. Секој нов договор мора да изнесува најмалку 50% од пртетходните, така што Меси никако не можел да игра за сума помала од таа што и ја прифатил.