Дома Фудбал Меси за хаосот во Бразил: Ова можеше да заврши трагично

Меси за хаосот во Бразил: Ова можеше да заврши трагично

Аргентина го победи Бразил со 1:0 во гостувањето на Маракана во рамките на јужноамериканските квалификации за Светското првенство.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Николас Отаменди, но повеќе се зборува за сцените пред натпреварот отколку за едно од најголемите дербија во светот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот доцнеше половина час поради тепачка меѓу навивачите и полицијата на препознатливиот стадион.

За да се обиде да влијае на нередите на трибините, капитенот на Аргентина, Лионел Меси го повлече тимот во соблекувалната, а по натпреварот опиша што видел на трибините во Рио де Жанеиро.

„Ова беше тешко за нас. Видовме луѓе како тепаат со стапови. На трибините беа и семејствата на играчите. Се повлековме во соблекувалната бидејќи сакавме да ја смириме ситуацијата.

Не можевме многу. Можеше да дојде до трагедијата. Играчите се прашуваа како им е семејството, како се луѓето на трибините“, изјави Меси по натпреварот.

Тој индиректно рече дека смета дека натпреварот воопшто не требало да се одигра.

„Повеќе сте фокусирани на луѓето на трибините отколку на играта. Тоа падна во втор план и беше помалку важно во тој момент“, истакна Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…