До почетокот на Мундијалот во Русија останаа нешто помалку од две недели, а репрезентациите со полна пареа се спремаат со цел да остварат што подобри резултати.
Од Светското првенство во Русија се очекува многу, посебно кога во прашање е селекцијата на Аргентина и Лионел Меси. „Гаучосите“ се надеваат дека Меси конечно ќе стигне до титулата шампион на светот, но конкуренцијата можеби никогаш не била поголема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси во разговор со медиумите во Аргентина откри дека со нетрпение го чека почетокот на Мундијалот и дека неговата репрезентација е спремна да го даде максимумот.
„Големите фудбалски нации секогаш се главни фаворити на Мундијалот. Мојот сон секогаш е ист, а тоа е да играм во финалето и да го подигнам пехарот. Сигурно дека тоа ќе биде тешко кога ќе ја погледнете конкуренцијата. Секако, Германија е тука, а помеѓу фаворитите според мене се уште Бразил, Франција, Шпанија и Португалија. Ние можеби не сме помеѓу нив, но сите имаме ист сон и веруваме дека можеме да го оствариме ова лето“, изјави Меси.
Светското првенство во Русија стартува на 14 јуни со натпреварот помеѓу Русија и Саудиска Арабија.