Дома Фудбал Останато Меси: Гвардиола му нанесе штета на фудбалот

Меси: Гвардиола му нанесе штета на фудбалот

Лионел Меси најголемите успеси во кариерата ги постигна во Барселона и тоа под водство на Пеп Гвардиола.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси и Гвардиола работеа заедно од 2008 до 2012 година, освојувајќи три титули во Ла Лига и две титули во Лигата на шампионите со каталонскиот клуб.

Аргентинецот објасни дека многу тренери се обидуваат да го копираат каталонскиот стручњак и смета дека со тоа Пеп му „нанел штета на фудбалот“.

„Гвардиола му нанесе голема штета на фудбалот. Сите мислат дека ќе биде лесно ако го копираат неговиот стил. Но, се разбира, тоа не е така”, изјави Меси.

На прашањето дали Гвардиола е најдобриот тренер досега, Меси одгпвори: 

„Нема сомнеж дека Гвардиола е многу посебен. Посебно начинот на кој го гледа секој натпревар, подготовките за мечот и како разменува тактика со нас“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лаутаро му одговори на Мурињо и шокираше: Кога ќе се пензионирам, ќе исчезнам!

Капитенот на Интер не припаѓа на типичното фудбалско опкружување. Зошто проблемот со уличн…