Дома Фудбал Меси вчера уште еднаш ја покажа големината, Кутињо му се заблагодари

Меси вчера уште еднаш ја покажа големината, Кутињо му се заблагодари

После подолга пауза Фелипе Кутињо вчера конечно одигра добар натпревар во дресот на Барселона.

Кутињо беше стрелец на два гола, а освен тоа беше вклучен во голем дел од акциите кои придонесоа шпанскиот шампион да дојде до посакуваниот резултат.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Разбириливо Кутињо беше среќен поради ваквата вечер, но после натпреварот не заборави и да му се заблагодари на Лионел Меси кој му овозможи да го изведе пеналот кој тој го претвори во погодок за водство.

„Му благодарам на Лео што ми го препушти пеналот, за мене беше многу важен, исто така и за целиот тим поради резултатот од првиот натпревар. Знаевме дека мораме да бидеме на највисоко ниво за да го свртиме резултатот во наша корист“, изјави Кутињо.

https://www.youtube.com/watch?v=0q8-aTM5ZME

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полскиот селектор поднесе оставка по конфликтот со Левандовски

Тренерот на полската фудбалска репрезентација Михал Пробјеж објави дека се повлекува од ов…