Не е тајна дека Јувентус е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Бефика, Жоао Феликс, а по се изгледа преговорите се во напредна фаза.
Вчера суперагентот Жорге Мендеш пристигна во Торино, а причина за неговата посета не се играчите кои играат во Јувентус, туку „бисерот“ на Бенфика, Жоао Феликс, пренесуваат италијанските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жоао Феликс има само 19 години и е најголемо откритие на европскиот фудбал оваа сезона, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
За него силен интерес покажуваат Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ, Баерн Минхен, Барселона… но Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да ја плати откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра.
Шпански „АС“ пред неколку дека пренесе дека Јувентус е во „пол-позиција“ за потписот на Феликс бидејќи е во одлични односи со неговиот агент Жорге Мендеш. Притоа, спортскиот директор на „старата дама“ Фабио Паратичи веќе стапил во контакт со раководството на Бенфика.
Преговорите се во почетна фаза, но португалскиот клуб не сака да попушти и бара да биде платена откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра.
Ова е веќе втор состанок на раководството на „старата дама“ со Мендеш, па намерата е што побрзо да се договори трансферот на младиот Португалец.
Јувентус сака во преговорите да ја намали целата на Феликс на 100 милиони евра, а Мендеш би можел да одигра голема улога во тоа.
Феликс важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа и веќе го нарекуваат „новиот Мбапе“, па поради тоа „бјанконерите“ се спремни да го одврзат кесето и да го донесат во своите редови.