Поранешната прва ѕвезда на македонската кошаркарска репрезентација, Лестер Бо Мекејлеб сеуште е без клуб, но како што сега стојат работите наскоро би можел да се врати на паркетот.
Мекејлеб минатата сезона ја помина во дресот на Гран Канари, а според последните информации тој наскоро би можел да го облече дресот на Болктехна од Гевгелија, пренесува весникот „Спорт“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Боктехна во новата сезона има големи амбиции, а тоа го покажа и со доведувањето на Марко Дујковиќ кој минатата сезона настапуваше за Металац.
Човекот кој беше предвник на најголемиот успех на македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Литванија во својата кариера настапуваше уште за Мерсин, Монтепаски, Партизан, Фенербахче, Баерн и Лимож.