Дома Фудбал Германија Медиумите ширум Европа во еден глас: Подобро не можеше

Медиумите ширум Европа во еден глас: Подобро не можеше

Роберт Левандовски уште еднаш го предводеше Баерн од Минхен до победа, овој пат постигнувајќи хет-трик против Штутгард.

Моментално 32-годишниот голгетер има 35 голови во 25 лигашки натпревари. Во преостанатите осум натпревар му треба шест голови да го надмине Герд Милер кој го држи рекордот со 40 голови во една сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Недостасуваа зборови да го опишаме.“ – пишуваат европските медиуми кои известуваат за спектакуларното издание на напаѓачот. Левандовски даде хет-трик за 22 минути, со лева нога, десна и со глава.

„Левандовски не е од оваа планета. Полската ѕвезда продолжи да изненадува и е на пат да ги сруши сите рекорди во Бундеслигата. Потребни му се само пет погодоци за да го изедначи резултатот на Милер.“ – пишува мадридски АС.

И додека е толку блиску до рекордот на Милер, а веќе ја надмина својата најдобра сезона од лани, Левандовски скромно останува со двете нозе на земја: „Не размислувам за рекорди, одам од натпревар во натпревар со желба Баерн да ги оствари поставените цели.“ – рече Лева.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…