Maнчестер Јунајтед уште еднаш ги разочара своите бројни навивачи, „црвените ѓаволи“ вчера доживеаа пораз од Лајпциг (3:2) и така го завршија настапот во Лигата на шампионите.
Хари Мегваер како и сите фудбалери на Јунајтед беше разочаран по поразот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Започнавме преспоро. Не беше доволно тоа што го игравме. Во првите 20 минути како да не бевме присутни на теренот. Дозволивме да примиме два гола, потоа се беше потешко. Мораме да се погледнеме самите себе, никој друг не ни е крив. На крајот се доближивме, меѓутоа слабиот старт скапо го плативме“, изјави Мегваер.
Настапот во Лигата на шампионите Манчестер Јунајтед ќе го заврши како трет во групата и ќе продолжи во второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа.