Дома Топ вести Мадритските медиуми „АС“ и „Марка“: Немаше никаков пенал за Реал против Леванте! (ФОТО)

Мадритските медиуми „АС“ и „Марка“: Немаше никаков пенал за Реал против Леванте! (ФОТО)

Реал Мадрид вчера го победи Леванте на нашиот Енис Барди со 1:2, а интересно е што „кралевите“ двата гола ги постигнаа со удари од белата точка.

Во последно време од Реал Мадрид се жалеа дека биле оштетени од судиите, а првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез дури испрати писмо до првите луѓе на Ла Лига за некои одлуки на ВАР.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Овој направен притисок сега можеме да кажеме и дека се исплатеше. Вчера гигантот од Мадрид дојде до победата од еден контроверзно досуден пенал.

Колку досудениот пенал беше контроверзна одлука потврдува тоа што „АС“ и „Марка“ кои се медиуми наклонети на Реал и секогаш го бранат кралскиот клуб овој пат тврдат – немаше пенал над Касемиро.

Новинарот на „Марка“, Андуах Оливер кој ги коментира спорните ситуации го порача следното:

„Немаше контакт помеѓу Дукуре и Касемиро. Повторените снимки јасно покажуваат дека судијата не требаше да досуди најстрога казна“.

Освен тоа „Марка“ направи и анкета на која учествуваа повеќе од 120.000 и дури 75% од истите го делат мислењето на Оливер.

За „АС“ ситуацијата ја објаснуваше поранешниот судија Итуралде Гонзалез.

„За мене тоа не беше пенал. Касемиро самиот падна, Дукуре замавна во воздух, а тој се најде на тревникот. Сигурен сум дека доколку судијата не покажеше на белата точка, ВАР немаше да реагира“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алонсо е загрижен за ѕвездата на Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, ја коментираше ситуацијата околу бразилскиот напаѓач…