Дома Топ вести Мбапе и се шегуваше по тешката повреда: Имате ли идеја за маска?

Мбапе и се шегуваше по тешката повреда: Имате ли идеја за маска?

Килијан Мбапе во вчерашниот натпревар против Австрија доживеа тешка повреда во која заработи скршеница на носот.

Во завршницата од натпреварот Мбапе доби удар поради кој мораше да интервенира лекарската екипа.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Навивачите на Франција беа загрижени за неговата состојба, но за нивна среќа Мбапе ќе го продолжи шампионатот, меѓутоа ќе мора да игра со маска.

Во таква ситуација тој одлучи да се пошегува на своја сметка.

„Имате ли идеја за маска?“, објави Мбапе на социјалните мрежи, па доби разни одговори од фановите.

Следен противник на Франција на Европското првенство ќе биде Холанија против која ќе играат во петок од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Аморим сакаше да ги отпише, но Керик верува во нив: Јунајтед подготви нови договори за двајца играчи!

Коби Мејнo и Хари Мегваер наскоро треба да потпишат нови договори со Манчестер Јунајтед, с…