Majкл Џордан одлучи да донира дури 100 милиони долари во разни организации.
Џордан преку својот познат бренд во наредните 10 години ќе уплати 100 милиони долари на сметката на организации посветени на борбата за расна еднаквост, социјална праведност и образување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа донација дојде после жестоките протести во САД кои следеа после настанот со Џорџ Флојд од страна на полицијата. Имаше и големи нереди, а осуди стигнаа од сите страни.
Joint Statement from Michael Jordan & Jordan Brand regarding $100m donation. pic.twitter.com/yYXWh5eBZl
— Estee Portnoy (@esteep) June 5, 2020
Протестите на улица го привлекоа вниманието на голем број познати спортисти. Скоро сите се најдоа на улиците и бараат еднаквост, а протестите се водат под паролата: „Black Lives matter“.
Со овој потег Џордан потврди дека му значи еднаковста и истите права за сите и сигурно дека оваа донација добро ќе дојде на организациите во наредните години.