Дома Фудбал Англија Мајкл Керик останува на „Олд Трафорд“ – во нова улога

Мајкл Керик останува на „Олд Трафорд“ – во нова улога

Еден ден откако го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед пристигна вест дека Мајкл Керик ќе добие нова улога во англискиот гигант.

Долгогодишниот првотимец на Манчестер Јунајтед ќе му биде асистент на Жозе Мурињо наредната сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Специјалниот“ остана без својот долгогодишен соработник Руи Фарие кој беше негова „десна рака“, а таа „дупка“ ќе се обиде да ја надополни Керик.

Керик така останува дел од тимот на „црвените ѓаволи“, но со нова улога.

За 12 години колку што настапуваше за Манчестер Јунајтед, Керик одигра 464 официјални натпревари, постигна 24 погодоци и освои се што можеше да се освои: пет титули шампион на
Англија, три трофеи во Лига Купот, шест во Комјунити Шилд, Лига на шампиони, Лига Европа и Светско клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…