Дома Фудбал Останато Мајката на Мбапе ги изненади сите: Преговараме со ПСЖ

Мајката на Мбапе ги изненади сите: Преговараме со ПСЖ

Иднината на Килијан Мбапе се уште е главна тема во медиумите откако ѕвездата на ПСЖ откри дека ова лето сакал да го напушти клубот.

Трансферот во Реал Мадрид не се реализираше и Мбапе остана во ПСЖ, но неговиот договор со „светците“ истекува на крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фајза Ламари, мајката на младиот Французин, денес ги изненади сите кога изјави дека преговорите со ПСЖ за продложување на соработката се во тек.

„Во моментов сме во фаза на преговори со ПСЖ за нов договор и работите одат во добар правец. Јас имав состанок со Леонардо. Ќе најдеме решение, но една работа е сигурна, Килијан ќе се потруди со ПСЖ да ја освои Лигата на шампиони“, изјави мајката на Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не бев дури ни во втор, туку во трет план… Играчот на Интер го критикуваше својот поранешен тренер

Полскиот репрезентативец Пјотр Зјелински отворено го изрази своето незадоволство заради не…