Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е цврсто решен во своите редови да го доенсе Мауро Икарди, тврдат аргентинските медиуми.
Аргентинскиот весник „Оле“ објавува дека „црвените ѓаволи“ веќе почнале да работат на трансферот. Во моментов, Икарди преговара со Интер за продолжување на договорот во кој има откупна клаузула од 110 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Интер ќе се обиде да ја зголеми оваа клаузула, која може да се активира во првиот месец од отворањето на трансфер пазарот.
25-годишниот капитен на Интер постигна 29 гола во 34 натпревари минатата сезона и во последните години се етаблираше како еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Аргентинските медиуми тврдат дека токму Икарди ќе биде приоритетна цел на Мурињо за следната сезона.
Transfer news and rumours LIVE: Mourinho eyeing move for Icardi https://t.co/jSXzcl782B
— ☀Adebayo☀ (@bombofia) September 15, 2018