ЛЕГЕНДАРНИОТ германски репрезентативец и поранешна ѕвезда на Баерн, Лотар Матеус (32) во интервју за Скај го коментираше трансферот на напаѓачот Хари Кејн (30) од Тотенхем во клубот од Минхен. Капитенот на англиската репрезентација е платен 100 милиони евра.
Со бонуси обештетувањето може да се искачи на 110, а некои извори тврдат и до 115 милиони евра.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Кејн потпиша договор со Баерн до 2027 година. Се споменува дека ќе има годишна плата од 25 милиони евра.
На два настапи постигна еден гол и една асистенција.
“Водечките луѓе на Баерн долго време размислуваа за него. Беа 100 отсто убедени дека Кејн е играчот што им треба и затоа ја поместија својата граница.
Тотенхем можеби малку го уценуваше Баерн во таква ситуација. Уште еден милион повеќе, па дури и повеќе…“, рече Матеус, кој смета дека исплатената сума е превисока.
Сепак, добитникот на Златната топка од 1990 година ја разбира големата инвестиција на Баерн во Кејн.
„Го сакаа, а потенцирам дека платија 100 милиони евра за 30-годишник. Левандовски беше три години постар кога отиде во Барселона за околу 50 милиони евра. Претпоставувам дека Кејн ќе се исплати“, прокоментира Матеус.