Во мометот кога Барса е лидер на табелата во Примера со дури 8 бода пред најголемиот ривал Реал Мадрид, фудбалерот на Каталонците Хавиер Маскерано даде шокантна изјава.
Имено, искусниот Аргентинец е сигурен дека успешниот период на каталонскиот клуб е при самиот крај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Успешниот период на Барселона е при самиот крај, сигурен сум во тоа. Се уште крајот не е дојден, но е многу блиску. Знам кога точно ќе заврши се, но нема да ви кажам.Така се случува со секој успешен клуб. Постојат цуклуси и ништо не може да биде вечно“, тврди Маскерано.
Маскерано неодамна најави дека има намера за брзо да го напушти „Камп Ноу“, иако има договор за уште една сезона.
Според каталонскиот весник „Спорт“, 33-годишниот Аргентинец добил богата понуда од Кина и планира да ја прифати.
This business about Mascherano leaving this winter is serious. The club is trying to convince him to stay until the end of the season. pic.twitter.com/gn1EBuAUMp
— totalBarça (@totalBarca) December 4, 2017