Дома Фудбал Италија Марота потврди: Јувентус – Интер без публика во недела!

Марота потврди: Јувентус – Интер без публика во недела!

Во Италијан се уште трае хаосот со одложените натпревари поради коронавирусот, а најголемо внимание секако привлекува дербито помеѓу Јувентус и Интер.

Натпреварот требаше да се игра синоќа, најпрво беше одлучено да се игра без публика поради корона вирусот, а потоа и официјално беше одложен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Првично мечот беше преместе да се игра на 13-ти мај, но двата клуба настојуваат да се избере друг датум, па најверојатно дербито ќе се одигра овој викенд.

Владата на Италија денес излезе со декрет сите спортски настани во наредните 30 дена да се играат без публика, па и дербито ќе се игра пред празни трибини.

„Единствен начин за да продолжи првенството е да се игра без публика. Лигата ги зеде во предвид нашите барања прво да се одиграат одложените натпревари, па Јувентус – Интер би требало да се игра во недела или понеделник“, потврди директорот на Интер, Бепе Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од Баерн отфрлија каква и да е можност за разделба со Олисе

Раководството на Баерн Минхен категорично ги отфрли гласините дека ќе го продаде својата ѕ…