Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио го нападна својот поранешен тим затоа што смета дека преплатил едно од своите засилувања во летниот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во прашање е Федерико Киеза кој за Јувентус потпиша во последниот ден од преодниот рок. Киеза дојде во Јувентус како позајмен фудбалер за сума од 10 милиони евра, но Јувентус е обврзан да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра, плус бонуси.
Маркизио смета дека таа сума создава притисок на играчот.
„Нема соменевање дека Федерико е голем талент, но тој сега има притисок поради сумата на трансфер поразот. Не може да платите 50-60 милиони евра за некој кој се борел за опстанок со Фиорентина. Ако сумата беше пониска сигурно дека ќе му беше полесно, како и да е очекувам големи работи од него во иднина“, изјави Маркизио.