Светскиот шампион на Хонда, Марк Маркез ќе ја стартува неделната трка на Американското ГП од четвртото место откако му беше одредена казна за попречување на возачот на Јамаха, Маверик Вињалес на квалификациите.
Маркез блескаше во Остин но денеска сепак нема да стартува од најдобрата позиција. Од првата позиција денеска ќе стартува Вињалес, па следуваат Јаноне и Зарко.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот веднаш беше ставен под истрага за блокирањето на Вињалес на тесната лева кривина број 15 додека возачот на Јамаха беше во „летечки“ круг.