Дома Топ вести „Марка“: Голем пресврт во ситуацијата со Ракитиќ!

„Марка“: Голем пресврт во ситуацијата со Ракитиќ!

rakitic

Во претходните денови Иван Ракитиќ многу се поврзуваше со заминување од Барселона, Интер се истакнуваше како најсериозен кандидат, но се споменуваше и Манчестер Јунајтед.

Сепак, сега „Марка“ тврди дека се случило пресврт во ситуацијата и Ракитиќ ќе го продолжи договорот со Барселона кој истекува во 2021 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред само една недела се пишуваше дека Ракитиќ се сели во Интер и тоа најмногу поради неговата сопруга која имала голема желба да живее во Милано. Сепак, до такво нешто барем според „Марка“ нема да дојде.

Овој медиум тврди дека Ракитиќ не сака трансфер во Интер.

„Пред се, Ракитиќ не сака во Интер. Тој сака да продолжи да игра во Барселона со која освои се и да живее во градот кој го обоажава. Ретко кој клуб може да му ги пружи овие задоволство. Но, сигирност знаеме дека некои посредници го нудеа на Интер кој не крие дека го сака. Меѓутоа официјални контакти засега немало, ниту преку Барселона, ниту преку неговиот брат“.

„Ракитиќ е играч без кој Валверде не може да го замисли тимот на Барселона. Ова е важно да се истакне затоа што тренерот неодамна го продолжи договорот, што и тоа како е важно бидејќи токму Валверде го стопираше трансферот на Ракитиќ во ПСЖ минатото лето“, пишува „Марка“.

https://www.youtube.com/watch?v=ac8Gnz2f-y0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…