Дома Трансфер зона Марио Гомез после 10 години се врати таму од каде што почна!

Марио Гомез после 10 години се врати таму од каде што почна!

Германскиот напаѓач Марио Гомез после цели 10 години и промена на неколку клубови реши да се врати „дома“, онаму каде што ја започна кариерата.

Имено, Марио Гомез денес го напушти Волфсбург и се врати во својот Штутгард за 3,5 милиони евра, каде потпиша договор до 2020 година.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


„Среќен сум што повторно сум дома, каде што се започна. Сите знаат колку сакав да се вратам во Штутгард, клуб кој ме лансираше на големата сцена и каде го доживеав најлудиот период во кариерата, освојување на титулата во 2007 година. Штутгард ме направи тоа што сум“, изјави Гомез.

Гомез настапуваше за Штутгард од 2003 до 2009 година, а потоа се пресели во Баерн Минхен, па Фиорентина, Бешикташ и Волфсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Голгетерот на Штутгарт пред заминување, веќе го избрал и новиот клуб

Голгетерот на Штутгарт, Серху Гираси според последните најави ќе го напушти клубот ова лет…