Дома Останати Тенис Мареј поразен од Гаске на Синсинати

Мареј поразен од Гаске на Синсинати

После долго време трикратниот Грен Слем победник Енди Мареј се врати на терените, барем кога се сингл настапите во прашање бидејќи на дабл турнирите настапи на некои турнири.

Шкотскиот тенисер доби покана за големиот Мастер 1000 турнир кој оваа недела се игра во Синсинати, а 325 тенисер во светот немаше добар повратнички настап.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Него во повратничкиот настап го победи францускиот играч Ричард Гаске, два пати по 6:4 во сетови. Мареј во двете сета го изгуби почетниот удар на самото отварање на сетови што неговиот противник го искористи и на крајот се пласираше во второто коло на Синсинати.

Мареј веќе две години се бори со опоравувањето после тешката операција, а едно време изгледаше и дека ќе се повлече од активното играње тенис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…