Љубителите на видео игрите конечно го дочекаа новото издание на ФИФА 20, кое EA Sports го пушти во продажба пред неколку дена.
Од година во година оваа игра е се подобра, а EA Sports се обиде повторно да ги изненади своите корисници со некои новини кои е тешко да се направат со оглед на тоа дека во денешно време игрите изгледаат скоро совршено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ФИФА 20 на прв поглед воодушеви, но има некои кои не се задоволни. Еден од нив е фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез, кој е незадоволен од играта поради оцеката која ја добил.
На ФИФА 19 Марез имаше вкупна оценка 85, додека на ФИФА 20 оваа оцека е 84, што го разочара Алжирецот, кој очигледно очекувал дека ќе ја зголеми со оглед на тоа дека сега е играч на Манчестер Сити.
Откако видел каква оцена добил играчот се огласи на Инстаграм и јасно порача дека не е задоволен од EA Sports.