Крилото на Манчестер Сити, Ријад Марез призна дека пред да се пресели на „Етихад“ имало сериозен интерес за него од страна на Ливерпул.
Марез блескаше во дресот на Лестер и Клоп сакал да го донесе на „Енфилд“, но откако „црвените“ го доведоа Мохамед Салах, спласнал интересот за Алжирецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една година покасно „граѓаните“ го купија Марез за сума од 60 милиони фунти.
„Ливерпул имаше интерес за мене и знам дека водеа преговори со мојот агент. Интересот заврши веднаш откако го купија Мохамед Салах, потоа се потпишав за Сити“, откри Алжирецот.
Ливерпул го доведе Салах од Рома за 35 милиони фунти и уште во првата сезона Египќанецот беше избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата и постигна 44 гола за „црвените“.