Ријад Марез ова лето најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити, а четири европски гиганти веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.
Алжирецот, чиј договор со Манчестер сити е со важност до летото 2023 година, се уште нема договорено продолжување на соработката, па „граѓаните“ се спремни да го продадат на лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интерес за 31-годишниот крилен фудбалер покажуваат ПСЖ, Барселона, Милан и Реал Мадрид.
Марез и оваа сезона игра одлично и постигна 23 гола и 8 асистенции на 41 меч, а Сити е спремен да го пушти за 40 милиони евра.
Англиските медиуми пренесуваат дека Милан и Барселона веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале да работат на трансферот.