Дома Фудбал Италија Марадона среќен што со неговиот дрес помогнал во борбата со коронавирусот

Марадона среќен што со неговиот дрес помогнал во борбата со коронавирусот

Диаго Армандо Марадона му се заблагодари на Чиро Ферара за одличниот потег кој го смисли заедно со Фабио Канаваро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот дрес со бројот 10 од Аргентина кој Марадона му го подарил на Ферара беше продаден на аукција за 55 000 евра, пари кои се донирани за борбата со коронавирусот во Неапол.

Марадона му се заблагодари на неговиот поранешен соиграч Чиро Ферара за целата организација.

„Победивме за Неапол и саканите Наполитанци. Благодарам Чиро, дозволете ми да ја почувствувам емоцијата да се биде дел од неверојатни луѓе. Чувствував радост и страст. Чест ми е што придонесов да им помогнам на луѓето“, истакна Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Жестока реакција во живо по исфрлањето од Светското првенство: Ќе ме запомнат како оној што не остави ништо зад себе!

Шпанските фудбалери триумфираа во последниот натпревар од групата Х на Светското првенство…