Марио Манџукиќ потврди дека нема да го продолжи договорот со Милан и денес официјално се прости од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватот во јануари пристигна во Милан како слободен агент, потпиша 6-месечен договор со опција за продолжување на уште една сезона.
Меѓутоа, честите повреди го спрелија да даде поголем допринос и двете страни одлучија да се разделат.
„Беше чест да се игра за Милан. Им благодарам на директорите кои ми ја дадоа оваа шанса, на играчите кои се одлични момци. Среќен сум што успеавме да се пласираме во ЛШ и што помогнав во тоа. Му посакувам на клубот се најдобро во иднина“, напиша Манџукиќ на Инстаграм.