Како размислува Маурицио Сари баш и не е јасно, но Хасан Салихамиџиќ нема дилеми – Марио Манџукиќ и со 33 години е идеален играч за Баерн.
Утрово реномираниот „Билд“ објави дека Баерн Минхен ќе се обиде да го врати Манџукиќ кој сега во Минхен би пристигнал како замена за Роберт Левандовски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Билд“ тврди дека Салихамиџиќ веќе разговарал со неколку кандидати за испразнетото место и наводно Манџукиќ котира високо на таа листа.
Договорот со Јувентус му важи до 2021 година и минатата сезона во голема конкуренција во Торино имаше солидна минутажа. Меѓутоа на Апенините пишуваат дека Хрватот е во групата на играчи кои Јувентус сака да ги продаде ова лето.
Во Торино сакаат сакаат да имаат плис на сметката, а оваа сезона е веројатно последната шанса од Манџукиќ да заработат солидна сума. Досега Манџукиќ се поврзуваше со Борусија Дортмунд, но сега и Баерн е реална можност.
Се чекаше Сари да одлучи. Нема Јувентус да заработи кој знае колку, но сепак сумата од 15 милиони евра за која пишуваше „Газета“ и не е така лошо.
Манџукиќ во главно е играч кој може да се каже дека е потценет и прави трансфери за пониски суми ако погледнеме што се случува на трансфер пазарот. Волфсбург го доведе од Динамо за седум милиони евра, Баерн во 2012 год купи за 13 потоа премина во Атлетико за 22, за во 2015 Јувентус да го доведе за 21 милион евра.