Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја сака младата ѕвезда на Аталанта

Манчестер Јунајтед ја сака младата ѕвезда на Аталанта

Манчестер Јунајтед е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот  на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд.

19-годишниот Данец игра одлично од почетокот на сезоната веќе постигна 5 гола на последните 8 меча во Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед е во потрага по класичен напаѓач и верува дека Хојлунд е идната ѕвезда на светскиот фудбал и може многу години да го предводи нападот.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата бидејќи за младиот Данец интерес покажуваат уште Арсенал, Милан и Барселона.

Хојлунд минатото лето пристигна во Аталанта како голем талент за 15 милиони фунти, но неговата цена порасна повеќе од двојно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…