Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоде рок ќе биде нов напаѓач, а сега е позната најголемата желба на Тен Хаг.
„Црвените ѓаволи“ се откажаа од Хари Кејн поради високата цена, па сега најголема желбае е Расмус Хојлунд од Аталанта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
19-годишниот Данец одигра одлично во првата сезона во Серија А, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.
Тен Хаг веќе имал неколку разговори со Хојлунд и го убедува да се пресели на „Олд Трафорд“, а клубот спрема понуда од 30 милион фунти.
Аталанта е спремна да го пушти, но за неговата слобода бара 45 милиони евра, па се очекува двата клуба да го интензивираат преговорите во наредните денови.